На седми мај годинава, Росана Сариќ- Тодоровска и Ѓорѓи Тодоровски- Трупче ќе слават јубилеј, 30 години од свадбата. Нивната љубовна приказна, започнала во 1988 година, а актерот на многу необичен начин се обидел да ја освои фолк-пејачката. На денот на љубовта и на виното, Росана и Трупче за Женски магазин раскажаа дел од својата љубовна приказна.

„ Се сретнавме случајно, на едно снимање во Македонската телевизија. Јас не паметам, Трупче вели дека било во 1988 година. Во тоа време, секаде со мене го носев тефтерот со сите запишани броеви. Без да видам, тој кришум ми го украл тефтерот и го запишал својот број во него. Се запишал под буквата Т, Трупче, а јас ни на крај на памет да видам. А и да видев, сигурно дека немаше да му се јавам, како и секоја жена и јас сум по малку горда“, се присети Росана на почетоците од нивната љубов.

Росана и Трупче со ќерката Ивана и со зетот Џејмс

Ѓорѓи додава дека ја очекувал да го побара, но без оглед што тоа не се случило, тој се надевал на нова средба со Росана. Желбата му се исполнила многу брзо, на еден караван на „Детска радост“, на кој тој бил во улога на актер и на промотор на книги, а Росана настапувала со Маријана.

„ Од таа турнеја за која велам дека е судбинска, почнавме интензивно да се дружиме. Јас глумев во детска претстава, промовирав книги, а Росана пееше. Дружбата за кратко време ни орерасна во љубов, а веќе следната година и во брак“, открива Трупче.

Росана пак се сеќава на нивната свадба, на 7 мај во 1989 година.

„Едвај го натерав Трупче да облече костум и пеперушка. До тогаш, тој беше познат како човек кој не излегол од фармерки, но ме послуша и се дотера. Јас не сакав да носам бело, немав класичен невестински фустан, носев розово. Беше многу романтично. Немавме класична свадбарска музика, туку акустична, со виолини, гитари, мандолини. Свадбата беше во тогашно „Езерце“ и беше многу романтично“, се сеќава Росана. Во овие триесет години колку што се заедно, за неа а најважно што останале истите Росана и Трупче, како што вели.

Целиот текст прочитајте го на Женски магазин



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.