Најуспешната хрватска скијачка Јаница Костелиќ го дби најубавиот подарок за Нова година. Денеска во Загреб со царски рез роди син, јави Јутарњи лист. Породувањето поминало добро, а малиот Оскар има 2750 грама.
Јавноста дознала за бремесноста на Костелиќ есента.
Мојот син ќе се вика Оскар и сигурно ќе го поттикнувам да стане скијач. Со што и да се занимава во животот, важно е да ужива, да биде среќен и задоволен, изјавила славната хрватска спортистка
Оскар е трето внуче во семејството Костелиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.