Војводата и војвотката од Сасекс, принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл го објавија раѓањето на нивното второ дете, кое е девојче.
Како што пренесува „Би-би-си“, Лилибет, односно Лили, Дајана Маунтбатен Виндзор се родила во петокот, во 11,40 часот по локално време, во болница во Санта Барбара, во Калифорнија, САД.
И мајката и бебето се здрави и се чувстуваат добро, наведува двојката во соопштението.
Ова е нивно второ дете, по синот Арчи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.