Меган Маркл првпат проговори за тешкиот период во статијата што ја напиша за „Њујорк Тајмс.

Да се ​​изгуби дете значи да носиш неподнослива тага, која многумина ја доживеале, а за која малкумина зборуваа, открила Меган во својата приказна.

Спонтаниот абортус го доживеала ова лето, и тоа додека во рацете го држела првиот син Арчи.

Почувствував остра болка. Се спуштив на подот со него во рацете, потпевнувајќи му приспивна песна за да нè смири двајцата, веселата мелодија беше чист контраст со моето чувство дека нешто не е во ред. Знаев, додека го држев првороденото дете, дека губам другото“, опишала Меган.

Таа и принцот Хари го добија синот Арчи на 6 мај 2019. Тие од оваа година живеат во Лос Анџелес, каде што се преселија откако се повлекоа од кралските задолженија.

Неколку часа подоцна, пишува Маркл, „од болнички кревет го гледав мојот сопруг, скршен од болка, како се обидува да ме утеши“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.