Кралско семејство моментално е на турнеја низ Јужна Африка, а обожавателите на кралската двојка нагаѓаат дека војвотката од Сасекс повторно е бремена. Според пишувањето на „Ecspress“, поради неколку детали веќе заклучиле дека војвотката ќе роди уште едно бебе во мај идната година, точно една година откако првпат стана мајка.

Меган за време на првиот ден од турнејата го носеше истиот син фустан во кој се појави и во првата бременост, а најновите фотографии навеле на размислување дека можеби се обидува да го сокрие трудничкиот стомак. Подоцна се појавила во уште еден стар фустан, кој е кроен за трудница.

Инаку, многумина сметаат дека Меган носи широк фустан да ги скрие килограмите од претходната бременост.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.