Војвотката Меган Маркл и принцот Хари иако неодамна добија дете и скоро секогаш се насмеани, странските медиуми пишуваат дека бракот им западнал во криза, а некои дури споменуваат и развод.

Меган и Хари се запознале во 2016 година, а за помалку од две години веќе биле свршени. Кралското семејство и медиумите се согласиле дека непромислено влетале во брачните води. Нивната одлука предизвика голема драма во семејството.

Како главна причина за криза во бракот се наведува фактот дека поради пребрзото стапување во брак, Меган не стигнала да се навикне на својата нова титула и на многубројните кралски правила за разлика од Кејт Мидлтон, и тоа на Меган ѝ создава голем притисок.

Напнатоста во бракот настанува и поради честите кавги меѓу принцовите, кои пред да се појави Меган имале мошне складен однос.

Тоа што обожавателите ги навело да поверуваат во разводот на кралскиот пар е тоа што принцот Хари неодамна во јавноста ја занемарил Меган која се обидувала нешто да му каже.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.