Меган и Хари ја споделија првата јавна фотографија на нивната ќерка Лилибет. Во пораката со која ги најавуваат добротворните донации, двојката и посака на јавноста среќни празници.
На фотографијата, која е направена летото во нивната куќа во Монтесито во Калифорнија, се гледа насмеаната Лилибет која ја држи нејзината мајка, облечена во едноставен бел фустан со боси стапала.
Арчи, облечен во соодветна бела кошула и фармерки, е прегрнат од неговиот татко, принцот Хари. Кадравата црвена коса на малото момче се гледа јасно за прв пат откако тој бил бебе, покажувајќи дека личи на својот татко.
Принцот Хари, облечен во тексас и Меган, во фармерки, ја комплетираат сликата на семејната среќа.
Честитката е објавена токму на време за Божиќ, но не го спомнува по име, туку на јавноста и посакува „среќни празници“.
„Оваа, 2021 година, ја пречекавме нашата ќерка Лилибет во светот“, напишаа Сасекс.
Арчи нè направи „мама“ и „тато“, а Лили нè направи семејство. Додека со нетрпение ја очекуваме 2022 година, дониравме во ваше име на неколку организации кои ги почитуваат и штитат семејствата – од оние кои се преселени од Авганистан до американските семејства на кои им треба платено родителско отсуство, се вели во честитиката од Меган и Хари.
View this post on Instagram
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.