Потресна животна приказна раскажува новинарката Анета Кочишки, автор и водител на емисијата „Лица“ на сега веќе згаснатата 1 ТВ. Анета лани ја поддржа кампањата против насилство врз жените и девојчињата.
Го запознав службено. И двајцата бевме успешни во своите кариери и уживавме углед. Поради работата често патував и бев во контакт со влијателни и моќни луѓе. Тоа му пречеше, почна да станува посесивен. Се повеќе, секој ден. Љумобора, понижувања и навреди ја гушеа нашата врска. Се убедував дека е минливо, секој има кризи. Мислев, премногу ме сака, затоа ме чува само за себе. Дури и најблиските ми велеа: Не претерувај, знаеш какви се мажите понекогаш. Се давев во сопствената илузија дека ќе се промени. Но, една вечер, тој вистински се обиде да ме удави. Ме извади низ прозор и почна да ме дави. Денес е во затвор, кај што му е местото, е дел од приказната која ја раскажа Кочишки.
Понатаму во видеото, таа вели:
Ја слушнавте вистинската животна приказна на Елеонора. Но, во темницата остануваат уште илјадници неслушнати приказни на жени и девојки кои претрпеле родово базирано насилство. Нивниот глас, и нивната приказна, треба да се чуе. Затоа, слушни ја и приклучи се во кампањата против насилство врз жените и девојчињата.
Извор: Женски магазин
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.