Она на што многумина се воодушевуваат денес кога ќе сретнат постара двојка на улица, е нивната близина изразена со најбаналниот чин на држење за рака. Токму допирот на дланките е првото нешто што го игнорираат оженетите мажи и за што сонуваат жените
Малите нешта што никој не смее да престане да ги прави кога ќе се ожени може да изгледаат банални, но се основата за долг и среќен брак.
Држење за раце
Наједноставниот чин на заедништво и припадност едни на други, што паровите го одржуваат на почетокот на врската без дискусија, е држењето за рака. Иако звучи банално, важноста на овој вид допир и фактот дека многу жени инсистираат на тоа, е целосно оправдана.
Имено, истражувањето спроведено во Шведска вклучувало среќно омажени жени кои биле изложени на стресни ситуации. Било утврдено дека допирот ги приближува, доведува до ослободување на хормони на среќа и ги интензивира меѓусебните чувства.
Одење еден покрај друг
Со возраста, мажите го губат заштитничкото чувство кон жените. Имено, чинот на освојување и еднаш кажаното „да“, кај нив е признание што го задоволува чувството на успех во нив.
Затоа, не е изненадувачки што тие имаат лоша навика да ја заборават својата сопруга кога вршат заеднички должности во јавност и наместо да одат со неа, тие трчаат неколку чекори напред.
Тоа е една од најлошите навики, велат експертите, што ја прават оженетите мажи. Чувството на припадност и заштита во голема мера значи заедничка прошетка, еден покрај друг. Не мора да бидете во близок контакт со прекрстени раце преку рамената, но заеднички чекор е и поглед кон заедничката иднина
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.