Дваесет и тригодишна манекенка се породила во тоалет, без да знае дека е бремена. Ерин Лангмејд од Австралија тврди дека користела контрацепција, немала ниту стомак, утрински мачнини и други симптоми кои се поврзани со бременост.

Ерин пред само еден месец:

 

View this post on Instagram

 

Collector of pegs #mikshens

A post shared by Erin Langmaid (@erinlangmaid) on

Дента кога се породила се чувствувала лошо. Отишла во тоалет, а десет минути подоцна ја држела својата ќерка во рацете која се родила здрава и била тешка 3.6 килограми.

Ништо не укажуваше на тоа дека нашата ќерка е тука. Беше тоа најголемиот шок во нашите животи, изјавиле Ерин и нејзиниот партнер Ден Карти за весниците.

Ден слушнал дека нешто се случува во тоалетот, влегол и се запрепастил. Тукушто роденото бебе престанало да дише и помодрело, но Брзата помош итно реагирала.

Девојчето Исла се родило во 37. недела од бременоста.

 

View this post on Instagram

 

The hardest week of our lives, you are my rock. And now you are Isla’s. 2 years with you 💗

A post shared by Erin Langmaid (@erinlangmaid) on

Според статистиката, една од 500 жени не знае дека е бремена до 20. недела, а една од 2.500 жени ја открива бременста во моментот кога треба да се породи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.