Полина Фестова е новата ѕвезда на Јутјуб сцената и тоа затоа што одлучила јавно да проговори за своето несекојдневно искуство. Иако има само 13 години, таа е веќе мајка, а милиони луѓе дознале како изгледа тинејџерска бременост благодарение на нејзините видеа.
Русинката својата бременост долго ја криела од родителите, а таткото на детето одбил да продолжи да контактира со неа.
Ме блокира на сите социјални мрежи, па одлучив со него да разговарам лице во лице. Го фатив на училиште и му реков дека сум бремена очекувајќи поддршка. Наместо тоа, добив навреди – раскажала Полина.
Бременоста долго ја криела, сè до 35 недела кога нејзината мајка сфатила што се случува. Во своите видеа раскажала и за врсничките насилства кои ги трпела.
Отсекогаш сите ми велеа дека сум дебела, грда и дека сум лоша. Никогаш никој не сум повредила, а постојано ме навредуваа и понижуваа. Не смеев никому да кажам. Бегав од училиште и се криев од сите. Потоа се плашев дека можеби нешо не е во ред со бебето. Навечер плачев, а не знаев како да им кажам на родителите. Сите во семејството сме крупни, па никој не се прашуваше зошто се дебелам и не забележуваа дека сум бремена – вели Полина.
Сепак, еден ден нејзината мајка сосема случајно дознала дека е бремена.
Мама ме прегрна и токму тогаш бебето клоцна. Мама го почувствува тоа и сфати што се случува – открила Полина.
После тоа мајка ѝ ја однела на лекар и дознала дека е бремена 35. недели и дека носи девојче. Полина со својата мајка го одбрала името за бебето – Илијана.
Бидејќи го напуштила училиштето, Полина одлучила да заработува преку Јутјуб. Кога ќе собере доволно пари, планира да си плати училиште за фризерка за да може да ја издржува својата ќерка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.