Патничка од саудиска компанија барала авион кој полетал за Куала Лумпур да се врати, бидејќи го заборавила бебето во чекалната на аеродромот.

 Бог нека ни е на помош. Можеме ли да се вратиме? Што да правиме? Патничката го заборавила бебето во чекалната – појаснил пилотот.

Контролорите не биле сигурни што слушнале, па барале тој да го повтори барањето.

Во ред. Вратете се на терминалот. Ова досега сме го немале – одговориле тие.

Не се знае дали авионот полетал или бил на пистата, кога жената сфатила дека ѝ го нема детето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.