Американката Кристал Волравен (28) може да заврши во затвор 20 години поради обвинение дека ги оставила своите пет деца сами во куќата на четири дена, пишува „Дејли мејл“. Додека децата биле препуштени сами на себе, таа заминала на одмор со момчето во Јужна Каролина, бидејќи „и бил потребен одмор од се она што се случувало дома“, како што изјавила таа.
Кога полицијата влегла во куќата, глетката била стравничка: најмалото дете од 15 месеци лежело во колевката, со ќебе преку устата. Полицијата мислела дека е мртво. Низ куќата се ширела неподнослува миризба. Во кујната имало рој муви. Вратата на полицијата ја отворило 10-годишно момче кое се обидело да ги увери дека е се во ред. Неговите две сестри, од шест и од три години не биле искапени со години. Валкани пелени имало насекаде.
Полицијата ја повикал директорот на училиштето, бидејќи децата велеле дека остануваат будни до доцна во ноќта за да ги менуваат пелените на сестрата. Наводно едниот татко требало да се грижи за децата додека мајката не е тука, но тој се отселил. Вториот татко исто така не бил присутен. Мајката наводно со децата контактирала преку месинџер. Според нејзината верзија, вториот татко требало да остане со децата, а сосетката се грижела преку ден за децата и ги носела на училиште.
По овој настан децата прво биле сместени во дом за деца, а сега живеат со еден од татковците на децата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.