Јавната најава за развод на поранешниот директор на АЕК, Роберт Ордановски и неговата сопруга Агнеса, доби ново поглавје.
Откако Ордановски на Фејсбук објави дека неговата сопруга сака да го напупшти затоа што, според него, „се оладила бидејќи не е веќе директор и не може да и ги исполнува финансиските барања…“, во коментар на социјалните нрежи се огласи и неговата мајка, Радмила, која му изрази поддршка.
Боби, ти поскаувам се надобро. Да се справиш со сите проблеми на надобар начин. Со тебе сум јас, твојата мајка и твојот брат, многу работа издржа за овие години и на работа и дома.
Мораш да бидеш јак бидејќи ти си син на прави интелектуалци, мајка професор по книжевност со македонски и словенски јазици, татко ти 25 години судија кој неодамна почина, а јас како професор кој не дозволи ниедна четворка да немате за време на вашето школување.
Завршивте во најдобра гимназија во Скопје со многу натпревари по математика и Електротехнички факултет, групоа КТИА, насока компјутерска техника, информатика и автоматика. На моја жалост мојот помлад син не е вработен, а тебе те малтретираат. Заклучок, на нашата држава не и требаат интелектуалци.
Така Боби треба да си горд што сите во твојата фамилија се интелектуалци, се со високо образование ама на жалост твојот татко почина, а јас се справувам со проблеми… – напиша мајката на Ордановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.