На Данецот Годфред Кирк Кристијансен, изработката на играчки му било хоби, па многу веројатно, една од денес најпознатите играчки на светот – ЛЕГО коцките, била една голема случајност.ЛЕГО групата опстојува како семејна компанија во градот Билунд, Данска, веќе три генерации. Компанијата ја основал столарот Кристијансен, речиси случајно, кога во 1958 година ја направил првата пластична коцкичка.
Инаку, првичната идеја била да се охрабрат и мотивираат луѓето да ги преизградат сопствените куќи, разурнати во Втората светска војна.
Името „ЛЕГО“ потекнува од фразата „leg godt“, што на дански јазик значи „уживај во играта“.
Тројца членови на семејството Кристијансен го делат второто место на листата на Форбс на најбогати Данци за 2018 година. Богатството на секој од нив се проценува на по 5,4 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.