Невеста ја откажала свадбата откако во неговиот мобилен телефон прочитала три збора. Иако некои сметаат дека нејзината реакција била претерана, според невестата Клер Далтон, тие биле доволни сосема да го промени мислењето за него.

Од секогаш сум била многу религиозна. Религијата ми била срж и центар околу кој се вртел мојот живот и моите дела. Секогаш ме учеле на божјата цел на бракот и семејството и како да живееме за да бидеме благословени, пишува Клер.

Додава дека поминала цела година од тој момент и дека целосно го променил нејзиниот живот.

Од некоја причина станав и го зедов неговиот мобилен телефон наместо мојот за да проверам до колку часот работи маркето. Тогаш прочитав три збора во лентата за пребарување на „Гугл“, кои го променија моето мислење за него. Три збора кои ги пребарувал пред само неколку часа, пишува таа.

Таа никогаш не открила за кои точно зборови станува збор, но под нејзината приказна јавноста се подели на оние кои ја поддржаа во одлуката и оние кои го осудија овој нејзин потег.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.