Самохрана мајка на три деца од Скопје апелира за помош, бидејќи се соочува со тежок период. Таа била инфицирана со Ковид-19, и заедно со децата се наоѓа во домашна изолација, а поради тешката финансиска состојба во која западнале, потребни им се донации во храна, витамини, но и други основни производи.

Од здружението ,,One can” каде мајката се обратила за помош, велат дека таа замолила да не и се открива идентитетот во јавност, првенствено поради децата, но секој којшто е во можност да помогне, може да испрати порака на Фејсбук страницата на здружението.

ИТЕН АПЕЛ

Самохрана мајка со 3 деца, се болни од КОВИД – 19.
Моментално немаат ништо да јадат, ниту пак имаат некој да…

Posted by One can on Friday, 9 April 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.