„Додека беше трет се’ беше во ред бидејќи тие беа прв и втор. Но,..Кога стана број еден тоа како да не можеа да го поднесат“, раскажува Дијана Ѓоковиќ за ставот на јавноста кон нејзиниот син и кон Федерер и Надал.
Дијана Ѓоковиќ, мајка на најдобриот тенисер на светот, за индиското издание на магазинот GQ дала интервју во кое говори за кариерата, желбите и соништата на својот син Новак (32).
На госпоѓа Дијана моминското презиме и е Жагар, Хрватка, од Вировитица.
Новак постојано работи на себе, посебно кога игра со Федерер или Надал. Бидејќи тоа се посебни мечеви. Пред последното финале на Вимблдон ми рече дека знае дека со Федерер ќе биде тешко бидејќи тоа нема да е првпат сите да се со Федерер. А мојот син ја користи таа енергија и замислува дека сите навиваат за него, раскажува Дијана па дополнително објаснува:
Чувствувам дека публиката повеќе ги цени федерер и Надал отколку Новак. Го почувствував тоа во Австралија, во Њујорк, во Лондон. Помалку во Париз бидејќи мислам дека таму им ги освои срцата кога почна за зборува на француски јазик. Не знам зошто таа разлика. Новак е многу вреден и многу пристоен, а луѓето не го ценат доволно.
Ниту самата не знае од каде тие навивачки преференци…
Веројатно е тоа така бидеји игра во ерата на Федерер и Надал. Кога беше трет во светот се’ беше во ред, тие беа прв и втор. Меѓутоа, кога стана број 1 тоа како да не можеа да го поднесат. Велам, не знам…И јас патам поради тоа. Го почитуваат тоа што е успешен и го почитуваат тоа што го прави. Но, ако од другата страна е Федерер, ќе навиваат за него. А, на мојот син тоа,на некој начин, му дава дополнителна сила да го победи.
За тоа кога фантастичната кариера на нејзиниот син би можела да трае и дали Новак ќе го собори рекордот на Федерер во освоени Грен слем турнири, мама Ѓоковиќ вели:
Не знам колку тоа долго ќе трае. Новак има 32. години. Мислам дека би можел да игра најмалку до 35., но не можам тоа со сигурност да го предвидам. Ако е среќен, мотивиран и ужива во сето тоа тогаш би можел и подолго од 35. Па Федерер има 38. и уште игра. А, верувам дека ќе го собори рекордот на федерер во Грен слем титули. Знам дека тоа го има на ум. Негова цел е да биде најдобар на светот. Јас само сакам детето да ми биде здраво. А, ако е здрав тогаш можам да се обложам, тогаш сум сигурна дека ќе го собори рекордот.
Родителската гордост ниту може ниту сака да ја скрие…
Ама, јас сум и среќна и горда. Не беше секогаш лесно, но јас сум горда на се што направи. Толку време на првото место, сите тие трофеи, толку незаборавни моменти во кои сме биле заедно. Омилен ми е Вимблдон 2011. Истиот момент кога го освои трофејот за кој сонуваше како дете и стана светски број 1. Целото семејство чекаше на тоа остварување на неговите соништа, рекла Дијана Ѓоковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.