Породилно и за мажите, со цел добивање еднаква родова отсутност и еднакви права. Bладата во соработка со граѓанската организација „реактор“ денеска го претстави моделот за родителско отсуство, со кој, и таткото ќе може да го подели ова право со својот сопружник.

Како Влада на која што секое дете и е важно, но и која работи на унапредување на родовата еднаквост сметаме дека воведувањето на споделеното родителско отсусво ќе значи многу за раниот развој на детето којшто е многу важен, но и за присуството на двајцата родители на пазарот на трудот, што во пракса најчесто тоа е таткото, рече министерката Царовска.

Инаку, со новото законско решение коешто е во фаза на подготовка се предвидува еден задолжителен и дополнителни три месеци кои се непреносливи, што значи доколку таткото не ги искористи тие се поништуваат, притоа мајката не го губи во целост сопственото право на родителско отсуство.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.