За време на божиќната забава на авиокомпанијата во која работеше стјуардесата Магда Лесичка (33), пред точно девет години, ја привлече Британецот Питер Чивлерс (33). Таа само што заврши со студиите по книжевност во родната Полска и се вработи во „Рајанер“, а тој беше шармантен пилот. И двајцата во тоа време како база ја имаа Германија. После забавата Магда му понуди превоз на Питер до неговиот стан, по што таму ја помина ноќта.

Двојката инстантно се заљуби и набргу заедно се преселија во Велика Британија, каде Питер беше преместен.

Во 2012 година ја побара за жена, а во 2015 се роди нивниот син Џејмс.

Кога човек би ги гледал нивните фотографии на „Фејсбук“, би бил убеден дека младиот брачен пар живее во идила. Реалноста е доста поинаква.

Зад ликот на овој шармантен пилот се криел болно љуоморен и агресивен маж, со големи промени во расположението. Како што било откриено за време на судењето, со години психички и физички ја малтретирал.

Ја нарекувал овца, а себе нејзин газда. Ја навредувал пред пријателите, а во моментите на бес, ја кубел својата коса и ја терал да ја голта.

Несреќната жена се обидела да го остави неколку пари, но во еден од периодите на примирје, ненадејно забременила, иако пиела контрацепциски апчиња.

Кратко после раѓањето на нивниот син, работите се смириле, но неговото садистичко однесување повторно се вратило. Знаел да ѝ ги гмечи брадавиците под облеката за да ја понижува. Понекогаш ја давел само за да ѝ покаже сила.

Подоцна ќе ме погледнеше со неговиот нежен поглед и ќе ми се извинеше…Но, кога беше лут, бев сигурна дека ме мрази, сведочеше Лесичка.

Чилверс паралелно започнал врска и со друга стјуардеса.

По бројни кавги и помирувања, летото 2017 година Марга успеала да се отсели од домот заедно со синот, кој наскоро требало да наполни две години. Живеела во стан под кирија во Манчестер.

Но, Питер се плашел дека таа би можела да го одведе нивниот син во Полска и постојано ја барал мобилен и ѝ се заканувал. Ѝ зборувал дека е патетична, дека во него е моќта и дека полицијата ќе ја уапси во истиот момент ако реши да го одведе некаде синот.

Таа во тоа време гуглала поими како „оружје за самоодбрана“, „убиство во самоодбрана“…Го пријавила во полиција, посетила Центар за помош на злоставувани жени, контактирала со адвокат. Но, ништо не помогнало, а неговите константни закани продолжиле.

На 26 август 2017, Магда доживеала нервен слом и до смрт го избола својот син, а потоа се обидела да се самоубие. Иако со ножот го избола и својот бел дроб, докторите успеале да ја спасат.

Таа е осудена на 15 години затвор.

Вчера, после долга судска постапка, на 18 месеци затвор е осуден и нејзиниот поранешен свршеник, а мачните детали од нивната врска се објавени во јавност.

Кога ја почнавме врската, ништо не укажуваше дека ќе стане чудовиште. Сакам јавноста да знае што ми направи неговото злоставуање. Ме уништи. Не знам како успеа и веројатно ќе го поминам остатокот од живото прашувајќи се како една амбициозна и сигурна жена ја претвори во ова нешто што сум сега, напишала од затворот Марга.

Чивлерс, кој чека да ја изврши својата затворска казна, живее со новата девојка Лиса Спенсер, со која има две ќерки.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.