Бил Гејтс зборуваше за неговиот развод со сопругата Мелинда, нарекувајќи го како „еден од најтешките периоди во неговиот живот и еден од неговите најголеми лични порази во последните неколку години“. Тој додаде дека ни изминатата година не му била лесна.

Го допрев дното на животот во последните неколку години, со смртта на татко ми и разводот од сопругата. Мелинда и јас продолжуваме да ја водиме нашата организација заедно, па најдовме нов работен ритам со кој сме задоволни. Но, не можам да негирам дека ова беше година на голема тага за мене, напиша Гејтс на својот блог.

Неговиот татко почина во септември 2020 година на 94-годишна возраст, а следната година се разведе од Мелинда. Таа и Бил го финализираа разводот во август 2021 година, по 27 години брак, само три месеци откако објавија дека се разделуваат.

После многу размислување и многу работа на нашата врска, донесовме одлука да се разведеме, рекоа тогаш во заедничката изјава.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.