Српскиот актер и режисер, Драган Бјелогрлиќ (56) го привлече вниманието на јавноста откако на прес-конференцијата првпат проговори за сообраќајната несреќа која ја направи неговиот син Алексеј. Иако несреќата се случила пред повеќе од една година, веста дури сега исплива во медиумите.

Имено, тогаш 18-годишниот Алексеј управувал со автомобилот без дозвола и налетал на мотоциклист и притоа потешко го повредил. Според пишувањето на српските медиуми, синот на Бјелогрлиќ наводно на повредениот маж (39) му платил околу 1.300 евра за да ја избегне затворската казна.

Бјелогрлиќ пак смета дека на овој начин некој му се одмаздува. Уверен е дека текстовите се објавени 14 месеци по незгодата најмногу поради тоа што во неколку наврати, во пресрет на втората сезона на серијата „Сенки над Балканот“, без влакна на јазикот проговори за состојбата во општеството.

Овие отрови во иднина упатувајте ми ги мене, јас сум тука со име и презиме, не ми го чепкајте семејството, децата, не само мене, на никого, на ниту една јавна личност, политичар од која било страна“, изјави Бјелогрлиќ, кој на конференцијата пристигна во друштво на адвокатот Горан Драганиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.