Некои навики ќе мора да се променат, исто како министерот за здравство Венко Филипче, предупредува и примариус д-р Предраг Кон, епидемиолог и началник на единицата за заразни болести во Заводот за јавно здравје на Белград, Србија.

Според него најдобро е училиштата да се отворат што е можно подоцна за да не дојде до ново циркулирање на вирусот.

Ако се отворат училиштата можно е да дојде до циркулација на вирусот помеѓу децата, што всушност се обидуваме да го спречиме уште од почетокот. Во некои земји родителите дури и потпишуваат петиции за школите да останат затворени, рече тој на вчерашната прес-конференција за состојбата со коронавирусот во Србија.

Д-р Кон рече дека се свесни дека острите рестриктивни мерки предизвикуваат и незадоволство, но мора да се мисли на општото добро и здравје.

Тажно е кога човек слуша дека не се препорачува ракување или бакнување за поздрав, но тоа ќе трае некое време. Нема да живееме во вонредна состојба, но некои мерки ќе мора да останат, затоа што епидемијата ќе трае додека има заболени, ако треба уште една година. За време на тој период сигурно ќе останат мерките за социјално дистанцирање. На пример, не препорачуваме бабите и дедовците да се гушкаат и бакнуваат со внуците, вели д-р Кон.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.