Војводата и војвотката од Сасекс, Хари и Меган, го очекуваат раѓањето на првото дете, пренесуваат британските медиуми. Детето, кое ќе биде седмо во редот за престолот, би требало да роди денес или во наредните денови.
Кралската двојка најави дека нивното дете нема да биде изложено на јавноста уште од првиот ден, што е далеку од кралската традиција.
Во соопштенито на Бакингамската палата се наведува дека тие се радуваат бидејќи ќе бидат во можност да ги споделат возбудливите вести со сите.
Тие не ги потврдија, ниту демантираа шпекулациите дека бебето ќе се роди дома, во близина на замокот на Виндзор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.