Четиригодишно девојче кое исчезна од камп во Австралија пред повеќе од две недели е безбедно и е вратено кај родителите.

Според надлежните, полицијата го пронашла девојчето во една куќа, каде рано утринава упаднала во Карнарвон, град на околу 100 километри јужно од кампот и ја пронашла малата Клио Смит во една од собите, јавува „Ројтерс“.

Еден од полицајците ја зеде во раце и ја праша „како се викаш, а таа рече дека се вика Клио, изјави за локалната телевизија заменик полицискиот комесар на Западна Австралија Кол Бланш и потврди дека еден маж е приведен.

Клео последен пат беше видена во шаторот на нејзиното семејство околу 1:30 часот по локално време на 16 октомври, во оддалечениот камп Блаухолс Сакс во Меклаод, околу 900 милји северно од Перт, главниот град на Западна Австралија.

Австралиската полиција се посомневала дека девојчето е киднапирано и понуди награда од еден милион австралиски долари (743.000 долари) за каква било информација што би довела до пронаоѓање на малата Клио.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.