Бремена снаа од Србија ја убила свекрвата во дворот на семејната куќа поради расправа околу ручекот.

Кристина Кулчар (31), која е во шестиот месец од бременоста, ја убила свекрвата Ибоја Варга (59). Прво снаата ѝ забодела нож во грб на свекрвата, која се обидела да избега на улица и да побара помош од нејзините соседи, но девојката ја фатила и ја убила со вила.

Золтан Варга, син на убиената Ибоја и сопруг на уапсената Кристина, не може да поверува што му се случило. Тој бил информиран од пријателка за тоа што се случило додека бил на работа.

Ја најдов Кристина на лулашките, заедно со нашите синови, кои имаат две и четири години. Ја прашав што направи. Таа само се насмеа и рече: ‘Ја убив мајка ти’. Ги зедов децата и ѝ реков дека не вреди да бега. Тогаш полицијата дојде и ѝ стави лисици”, вели Золтан.

Тој додава дека изутрината сè било во ред и никој не насетувал што можело подоцна да се случи.

Тоа утро двете разговараа нормално. Со кафе се согласија да не готват, бидејќи многу храна остана од неделата. Подоцна слушнав дека се расправале поради ручекот”, вели Золтан.

Неговата сопруга имала психолошки проблеми и трипати се лекувала во невропсихијатриска клиника во Нови Сад.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.