Еден од најпопуларните актери Бред Пит овие денови е повторно во фокусот на светските медиуми поради новиот филм „Беше еднаш во Холивуд“.

Освен бројните гостувања по филмски фестивали и премиери, тој најде време и за интервју со „Ну Јорк Тајмс“ во кое открива досега непознати детали од неговиот живот.

Во интервјуто е опфатен и еден од најтешките периоди од животот на актерот, кога после 11 години заврши неговиот брак со Анџелина Џоли. Една од главните причини за крај на бракот била и склоноста на Бред кон алкохолот. Капката која ја прелила чашата е неговото опивање додека со целото семејство летале во приватен авион.

55-годишниот актер призна дека освен со алкохолизмот, тој низ својот живот се борел и со зависност од наркотици и дека кога го достигнал пикот на кариерата тој скоро секојдневно консумирал марихуана.

Тоа беа деведесеттите години и целото тоа внимание кон мене баш и не ми годеше. Ми беше навистина непријатно заради сите тие очекувања и туѓи мислења. Во еден момент станав буквално несвесен за се што се случува околу мене, изјавил Пит.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.