Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ја побара раката на својата девојка Маринела Серафимова по една година врска, јавува ММС.

И двајцата се од Штип, а Маринела пред два месеци дипломирала медицина.

Во изјава за порталот Бочварски ја потврдил информацијата.

-Да, се случи вчера вечерта. Со Маринела сме заедно околу една година и требаше ова да се случи. Нема посебен датум за да го направам ова, така одлучив. Претходно бевме на вечера во ресторан и малку разговаравме на оваа тема, но не открив пред неа детали што ќе се случува подоцна. Раката и ја побарав потоа, кога се вративме дома. Немаше посебни романтики, не клекнав кога ја запросив, едноставно додека разговаравме се случи моментот, го покажав прстенот. Не сметавме дека треба да има апарати и камери, туку само ние двајца да си дадеме збор, затоа и немаме слики од вчера. Беше навистина убав момент и чекор и за двајцата. Бевме заедно на одмор, но, сепак, се одлучив да ја запросам тука дома. Искрено јас и Маринела извесно време правиме муабет за нашата иднина. Затоа и таа очекуваше дека ова ќе се случи, но не знаеше кога и затоа беше изненадена. Односно, како што ми рече, очекувала на есен или понатаму, но ете се случи вчера, рече тој за ММС.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.