Во болницата во Госпиќ, Хрватска, овие денови владее несекојдневно весело расположение, откако се родиле 11 здрави деца. И децата и мајките се чувстуваат добро.

Директорката на болницата во Госпиќ во изјава за „Хина“ рекла дека обично се раѓаат две, три, најмногу четири деца одеднаш, а често се случува и да нема новороденче неколку дена по ред.

За нас ова е бејби бум каков што не сме имале пет години. Сите велат дека ова е резултат по возбудливото фудбалско Светско првенство. Без разлика на причината, нам ни е драго што имаме бејби бум, вели директорката Сандра Чубелиќ.

Побројни се девојчињата, седум наспрема четири момчиња. Родителите им дадоа имиња Лана, Нина, Луција, Милош, Емил, Жељка, Леон, Нела, Маша, Жељко и Драган.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.