Жените вработени во издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“ го одбележаа Меѓународиот ден на жената со хуманитарна акција. На 8 март (петок) донираа сликовници и облека во „СОС Детско село Македонија“. Донацијата содржи бебешка и детска облека, како и обувки.
Во донаторските пакети се вклучени и најновите сликовници, интерактивни книги и боенки за најмладите во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина-публикации“.
Донацијата е со цел да се помогне на „СОС Детско село Македонија“ во грижата за децата и семејствата во социјален ризик, згрижени во центарот.
Организацијата „СОС Детско село“ поддржува згрижувачки семејства каде што деца без родители и родителска грижа добиваат топол дом, љубов и стекнуваат чувство на припадност и сигурност.
Издавачката куќа „Арс Ламина“ редовно се вклучува во хуманитарни акции за децата и семејствата во социјален ризик, донирајќи книги, училишни и едукативни материјали. Минатата година донираше библиотека со повеќе од 370 книги на специјализираната просторија за психосоцијална поддршка на децата заболени од малигни болести – „Собата на Жозеф“ во Детската клиника – Скопје. Донираше и повеќе од 860 учебници и едукативни материјали за децата од основните училишта во општина Пустец, Мала Преспа во Р. Албанија. Ги поддржа и акциите на донаторската организација „Проект Среќа“: „Среќна школска година“ и „И јас сум Дедо Мраз” со пакет книги, едукативни помагала и училишни материјали. А помогна и во збогатувањето на училишната библиотека на ПОУ „Златан Сремeц“ – Скопје, со донација од над 50 книги и сликовници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.