Попладнево водата во реката Грашница е обоена во виолетова боја. Вознемирени граѓани бараат веднаш да се утврдат причините поради кои дошло до ваквата промена на бојата на реката која директно се влева во Охридското езеро, објави „Охридњуз“.
Државниот инспектор за животна средина веќе е излезен на терен.
Која е причината за промената на бојата и каква течност е испуштена во реката, треба да покаже анализата на примероците кои ќе бидат земени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.