Како што созрева жената, за неа е потешко да најде квалитетен и добар партнер. Еве зошто е така:
Тие не глумат
Кога зрелите жени се среќаваат со потенцијални партнери, тие не се преправаат дека се нешто што не се. Тие не сакаат да освојуваат со лажни квалитети и фалби. Таа нема да се смее на глупави шеги и нема да се воздржи од коментарите што сака да ги каже. Која е користа од глумење кога вистината порано или подоцна ќе излезе на површина?
Тие не се плашат да го кажат она што го мислат
Во нашите млади денови избегнуваме да поставуваме некои важни прашања од различни причини. Обично се плашиме да не изгледаме глупаво, да не го навредуваме партнерот или да не оставиме лоша слика за себе. Зрелата жена не се плаши од тоа да праша сѐ што ја интересира. Таа знае дека непознатите работи се многу полоши од вистината.
Тие отворено покажуваат што сакаат
Зрела жена не сака да оптоварува маж со постојани поплаки, но има некои работи за кои не сака да молчи. Таа ќе го побара она што го заслужува и нема да се согласи на нешто што е под нејзиното ниво. Колку постара жена станува, толку повеќе ја сфаќа својата вредност.
Не зависат од мажот
Иако многу мажи очекуваат жена да зависи од нив, зрелите жени нема да го толерираат тоа. Тие ќе ја почитуваат силата, мажественоста и успехот, но нема лажно да се преправаат дека им е потребна нивна заштита.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.