На мрежата „Тик-ток“ секојдневно се појавуваат нови видеа со вознемирувачка содржина. Овој пат, две лица сквернават гробови и се снимаат.
Непознато е за кои гробишта станува збор, а видеото е снимено изминатиов период. Во првото видео еден од двајцата момци лежи на гробна плоча.
„Тоа е, ми недостигаа моите. Мајка ми, ама на овој татко ми му го изгребаа лицето, ако Господ ќе му плати. Во ова видео очекувам 1.500 лајкови, ако има, ќе си направам гроб со надгробна плоча изгребана, со дрва направени. Се гледаме во наредно видео, оставете ме да спијам, вели едно од лицата кое лежи по гробови.
И второто објавено видео е со слична содржина, а снимано е на истите гробишта. Овој пат, лицата сквернават дрвен крст.
Видеото на „Тик-ток“ предизвика лавина од негативни реакции и коментари. Корисникот најавува и снимање на нови видеа со иста содржина ако собере 1500 лајкови.
Корисникот на „Тик-ток“ кој објавува видеа од сквернавење на гробови е потпишан како „Сергеј_Блоцкер_Муса.
извор: А1ОН
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.