Психотерапевтката Ана Стори, препорачува да не се позајмуваат пари на пријатели и роднини, ако не сакате да ги одредувате условите за враќање и ако Ви е непријатно да ги побарате назад, за да не ги расипете блиските односи.

Таа советува дека доколку, сепак, треба да дадете заем, да подготвите писмен договор во кој ќе се наведе износот и условите за отплата на заемот.

Доколку не го направите ова однапред, бидете подготвени да не Ви бидат вратени парите. Од друга страна, не би требало да има проблем со отплатата доколку сте сигурни дека вашиот близок е свесен за својата одговорност и се однесува како возрасен – предупредува психологот.

Ако Вашиот пријател е навреден од таквите услови, тогаш може да очекувате дека парите или нема да бидат вратени или ќе бидат, но не во брзо време.

Личноста во овој случај ќе продолжи да се однесува незрело и ќе се обиде да направи Вие да се чувствувате виновни што му ги барате парите. Во овој случај, вие одлучувате дали ќе дадете пари или не, со тоа што ако дадете, „ќе ги дарувате“, и затоа не ги позајмувате! – објаснува Ана Стори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.