Кога ќе се венчате со некого, очекувате дека таа личност ќе биде покрај вас во сите животни ситуации, и во добрите и во лошите. Но што ако се разболите? Што ако смртно се разболите?

Едно истражување од 2015 година открило нешто многу вознемирувачко и шокантно. Во ова истражување се открило дека стапката на развод била покачена во ситуации кога жената била болна, но не и во ситуации кога мажот се разболел.

Ова сугерира дека мажите почесто ги напуштале своите болни жени во моментите кога им биле најпотребни.

За потребата на ова истражување, истражувачите ги следеле животите на повеќе од 500 пациенти на кои им бил дијагностициран тумор на мозокот, а кои биле во брак кога им била утврдена дијагнозата.

Паровите биле следени и околу 53% од пациентите се развеле. Истражувачите можеле да заклучат дека жените почесто биле напуштани од страна на партнерот, во случај на сериозна медицинска состојба.

Нивните откритија биле објавени во магазинот „Рак“ и може да се опишат како многу трогателни. Причината зошто се случува ова може да се сведе на многу работи, но важно е да се напомене дека колку подолго сте заедно толку поголема е шансата дека вашиот брак ќе потрае во ваква ситуација. Една од причините може да биде тоа што жените даваат многу повеќе поддршка во своите врски за разлика од мажите.

Кога работите ќе се променат, изгледа дека мажите се поподготвени да си заминат. Жените кои повеќе го поддржуваат и се грижат за својот партнер, почесто остануваат покрај него и во најлошите ситуации.

Оваа тема генерално е тешка за сфаќање и постојат многу прашања што ќе останат без одговор. Меѓутоа, кога станува збор за дијагноза на некоја сериозна болест, без разлика дали сте маж или жена, не би требало да се грижите за тоа дали личноста што најмногу ја сакате ќе остане во ваша близина. Една од најважните работи што треба да се запомни е дека кога вашиот партнер е болен, тогаш сте му најпотребни.

Напуштањето на бродот кој тоне и обидот да се продолжи понатаму во тешките ситуации не е патот по кој треба да одите. Можете да изградите систем на поддршка кој ќе ви помогне вам и на вашиот партнер да го поминете тешкиот период.

Не, нема да бидете принудени да останете, но ако ја сакате таа личност, не и’ дозволувајте сама да помине низ такво нешто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.