Најпознатиот руски психолог Лабковски ве советува што да направите ако животот ви се претвори во пекол поради маж. На пример, ако вашиот сопруг изгуби интерес за секс, мора да го најдете коренот на проблемот. Најпрво разговарајте, излегувајте заедно, дружете се со други луѓе и културно надградувајте се. Важно е да знаете дека искрен разговор може многу да помогне.
Дали ќе најдете решение за проблемот, зависи од причината поради која сте стапиле во брак За жал, во денешно време многу бракови се склучуваат бидејќи едниот партнер или пак двајцата не сакаат да останат сами до крајот на животот.
Сакаат да имаат деца, и семејство и затоа набрзина стапуваат во брак.Поради тоа многу бракови за брзо време запаѓаат во криза, за разлика од браковите кои се склучени од чиста љубов. Ако вашиот сопруг изгубил желба за секс, потребно е да побарате помош од сексолог.
Ако одбива, почекајте неколку недели, а потоа напоменете му дека морате да побарате стручна помош. Ако ни тогаш не сака да побара помош, тогаш вие побарајте си нов сопруг! Можеби ова звучи сурово, но реалност е дека вие сте физички во брак, но психички не сте.
Сопругот не е сопруг ако одбива да ги извршува брачните обврски, објаснува рускиот психолог.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.