Поранешниот шпански крал Хуан Карлос (83) добил инјекција со женски хормони бидејќи неговиот сексуален нагон почнал да претставува опасност за државата, тврди поранешен шеф на полицијата на таа земја, а пренесуваат странски медиуми.

Поранешниот полициски шеф Хозе Мануел Виљарехо (71) кому му се суди за уцена и корупција тврди дека на поранешниот шеф на државата шпанската тајна служба му вброзгала дрога за да се намали неговото либидо.

Виљарехо на седница на Собрранието изјавил дека осрамотениот поранешен монарх кој сега живее во луксузен хотел во Абу Даби, добил блокатори тестостерони од шпанската тајна служба, откако неговото либидо било карактеризирано како проблем што мора да се реши.

За кралот Хуан Карлос се говори дека во текот на неговиот живот имал дури пет илјади љубовници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.