Можеби ќе помислите дека „психопат“ е остар збор и дека треба да се користи терминот „нарушување на личноста“, но дефинитивно може да се каже дека психопатијата е на граница помеѓу патолошката и здравата состојба на психата.

Жените многу често паѓаат на мажи психопати. Овие луѓе можат да бидат многу шармантни, романтични, оригинални, образувани и интелигентни, а често се во состојба да ја изненадат жената со некоја бестрашна постапка.

Еве како да ги препознаете психопатите во 6 чекори…

Првиот знак е преголемата самодоверба. Секогаш се уверени дека се во право.
Другиот знак се патолошките лаги.
Третиот знак е неговото претставување пред јавноста (на работа е една личност, а дома е сосема друга)
Четвртиот знак е љубомората.
Петтиот знак се заканите. Внатрешниот свет на мажите психопати се исполнети со борба, закани и насилство.
Шестата точка е неспособноста да ја контролира агресијата. Тој речиси секогаш одненадеж избувнува и не може да се сопре.

Многу жени кои се во врска со таков човек на крајот стануваат жртви. Плашејќи се од тие личности, остануваат со години во врска или брак со нив. Стравот ги парализира и не можат да го прекинат односот со тој човек. Тие живеат во маѓепсан круг на страв, страдање и закани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.