Во човековата природа е да се плашиме од смртта . Се плашиме од самата помисла или пак кога присуствуваме на некој погреб. Меѓутоа можеби луѓето пред смрт многу подобро ја разбираат смртта и можат да ни пружат утеха.

Патриција Пеарсон, новинарка и авторка на книгата “Отворање на вратата на рајот: Истражување на животот и што доаѓа после него”, ги опишува резултатите кои што ги истражила на темата за преминување на другата страна.

Откако изгубив сестра и татко во рок од 9 недели, се посветив себеси на истражувањето на тоа што се случува по смртта. Јас интервјуирав десетици луѓе чии што професии се поврзани со неизлечиви пациенти, како и оние кои што доживеале посебни искуства со лушето кои што биле пред смрт па дури и со оние кои што “се вратиле од мртвите” односно доживеале клиничка смрт.

Сфатив дека луѓето знаат кога им е сидниот час. Во времетраење од 72 часа пред смртта , тие почнуваат да зборат со метафори и за патувања. Терминологијата е различна па така едни ги бараат своите кондури, други авионските карти, а трети повторуваат дека сакаат да одат дома , а во моментот се дома.

Во моментот додека мојата сестра лежеше на смртната постела упорно повторуваше “Јас не знам како да отидам”, а дури спомнуваше и некои несреќни стјуардеси .

Болничарката Меги Каланан која што работеше во Центарот за нега во Флорида, го цитираше прашањето на пациентот заболен од рак на панкреасот кој што го поставил неколку часа пред да почине: “Дали жена ми знае се за пасошите и картите а патување?”

Луѓето пред смрт често имаат привидувања за кои што здравите особи верувааат дека се ефект на аналгетици и седативи кои што ги земаат пациентите. Меѓутоа дали е тоа така?

Во едно големо истражување кои што го спровеле прихолозите др Карлис Осис и др. Ерлендур Харалдсон од Исландскиот универзитет, установено е дека поголемиот број на пациенти кои сеуште се свесвни – неколку часа пред смртта, ги гледаат своите блиски кои што се веќе починати, без разлика на тоа дали примале аналгетици и седативи или не. Студијата е спроведена над повеќе култури опфаќајки ги културите од САД и Индија.

Кога разговарав со пациентката, Одри Скот (84) која умираше од рак, ми кажа дека нејзиниот (посвоен) син Френки ја посетува, инаку тој починал неколку години пред тоа.

Тој мирно седел во фотелјата покрај нејзе кога и да дошол “да ја посети”.

Во некои случаеви, луѓето гледаат членови на семејството и пријатели за кои што не се свесни дека се починати. Меѓу првите детални истражувани извештаи за визии пред смртта, имаше и случај на жена која умирала на пораѓај која што му рекла на докторот дека пред себе го гледа нејзиниот починат татко. Потоа рекла нешто збунувачко “Вида е со него” . Вида била нејзината сестра која што починала три години пред тоа.

Во нашата култура “белата светлина” стана малку клише. Меѓутоа вистина е дека луѓето пред смртта го опишуваат тоа доживување на белата светлина како мудрост или љубов. Пациентите кои што имале блиска средба со смртта, а останале свесни – оние пациенти со срцев удар кажуваат дека се чувствувале скоро сомелени од јачината на емоциите. Др Ивона Кајсон, која што има преживеано авионска несреќа кажува дека таа светлост ја доживеала како апсолутна љубов т.е како мајка што си го сака своето дете.

“Ја почувствував таа љубов како новороденче потпрано на рамото на мајка ми. Бесконечно сигурна”. Потоа исто така додала

“Чувството беше како да сум била изгубена со години и конечно си го пронајдов патот кон дома.

 

извор: секојден.нет



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.