Доколку чувствувате дека на вас нешто ви се случува, дека ве притискаат тешки мисли, а депресијата навира, обидете се со овој ритуал кој се пренесува од колено на колено.
Солта е многу моќно средство за чистење. Акумулирана во цревата на Земјата, солта носи силен позитивен набој кој е во состојба да ја апсорбира сета негативна енергија.
Затоа уште многу одамна солта се користи во разни прочистувања. Ова би требало да ви помогне да ја „исфрлите“ негативната енергија од себе.
За чистење на негативната енергија, потребно ви е:
1. Леген – 1
2. Сол – 1 кг
3. Најмалку 15 минути слободно време
Ритуалот за прочистување се изведува на следниот начин
Сипете ја солта во легенот, собујте се боси и со нозете газете 15 минути по солта. Замислувајте како негативната енергија излегува од вас. Замислувајте како победувате болест, своите непријатели, како ги решавате проблемите…
Ослободете ги своите емоции. Слободно плачете, доколку ви се плаче. После тоа внимателно отстранете ја солта од стапалата и измијте ги нозете. Водата во која сте ги измиле, како и солта по која сте газеле, фрлете ги во вц школката, па пуштете вода.
Овој ритуал се изведува 21 ден по ред. Потоа, според верувањата, сета негативна енергија и несреќа ќе ве напуштат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.