Познатата мотивациска говорничка Ана Бучевиќ доби кривична пријава за надрилекарство од хрватското министерство за здравство.

Сплиќанката Бучевиќ во јавноста се претставува како животен тренер и на т.н. мотивациски крстосувања држи предавања за „избалансирано енергетско ниво“, кое што го нарекува „вортекс“ и им објаснува на луѓето дека за нивната состојба одговорна е енергетската нерамнотежа.

Бучевиќ (40) тврди дека за нејзината програма има добиено одобрение од министерството за образование. Таа вели дека досега има одржано над 50 семинари во целиот регион и дека мотивирала илјадници луѓе.

Нејзините објави на социјалните мрежи ги следат повеќе од 170 илјади луѓе, сите три објавени книги и се бестселери, а работилниците и семинарите, дури и скапите крстарења секој пат се распродадени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.