Се ближи крајот на годината и Божиќ. Доколку не ви е стресно готвењето семејни оброци за многучленото семејство, секако треба да се подготвите за она што сигурно ќе ви oдзема енергија – стресот на работа. Не е лесно да се балансираат вработените, слободното време и почитувањето на роковите, но возможно е. Кејти Сендлер е велнес и професионалн коуч и има неколку совети како да се справите со стресот за време на празниците.

1. Направете план за крајот на годината
Искористете ја енергијата на стресот за да креирате план кој ќе ви овозможи да менаџирате со здравјето и со приоритетите на работа. Задржете си ја рутината на спиење, вежбање и дружење. Доколку се запишувате, ќе имате на што да се потпрете кога ќе завладее празничното лудило.

2. Разговарајте за своите цели со другите
Разговорот со другите за планот за празниците и вашите цели не само што ќе ви помогне да се држите до планот, туку ќе ви помогне да останете присебни. Така ќе знаете дека не сте сами и ќе направите стартегија како да менаџирате.

3. Издвојте време за себеси
Празниците се време кога треба да бидете дарежливи, но исто така е ОК да бидете малку себични и да си посветите внимание себеси. Издвојте по 10, 15 минути дневно за да правите нешто што навистина сакате. s.

4. Знајте си ги можностите и држете се до нив
Можеби се чувствувате дека мора да правите се и да бидете насекаде, особено кога имаме толку многу технолошки помошници. Но, тоа не е така. Можеби некаде ќе пропуштите нешто, но вашето време и енергија се ограничени и паметно располагајте со нив.Одлучете во што сакате да учествувате и не мислете дека мора дасе појавите секаде.

5. Искористете го побавното темпо на работа во своја полза
Наместо да се фрустрирате затоа што секој работи бавно, Сендлер советува да воздивнете длабоко и да забавите и вие самите. Така подобро ќе ги видите вашите цели од сосема нова и покреативна перспектива.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.