Во животот постојат луѓе коишто во односите покажуваат дволичност, се прават дека ни се пријатели, а всушност, сакаат да не искористат на некој начин.

За да се заштиттите од таквите манипулатори, обрнете внимание на следниве показатели, коишто откриваат дека „пријателски расположената“ личност кон вас, всушност има лоши намери.

Разговорите секогаш се еднонасочни

Луѓето кои се прават дека се фини и сакаат да остават впечаток на симпатични, љубезни и добро воспитани пријатели кои ни посакуваат сѐ најдобро (а всушност ни посакуваат најлошо), се програмирани да доминираат во сите наши заеднички разговори. На „обичните “ луѓе може да им недостасува способност за активно слушање, но барем ќе се потрудат да водат дијалог и разговорот да биде взаемен.

Ова е предупредување на кое морате да реагирате: кога манипулаторот ќе почувствува дека неговите тактики во разговорот не делуваат, ќе употреби некоја друга метода за да ја постигне својата цел. Понекогаш таа промена на тактиката ќе биде неочекувана, па наеднаш ќе покаже интерес за вашиот живот и ќе се распрашува што има ново кај вас. Бидете сигурни, за таквото таинствено однесување постои објаснување: станува збор за себична и за манипулативна личност. Манипулаторите се толку фокусирани на себе што после некое време взаемен разговор, односно дијалог, разговорот пак ќе стане еднонасочен и самите ќе се стават во центарот на вниманието.

Постојано има некои барања

Друг „талент“ кој го поседуваат манипулаторите од овој вид е способноста да ве изморат. „Симпатичната“ личност со лоши намери ќе ја препознаете по тоа што непрестано ќе бара нешто од вас. И тие барања често ќе ги изнесува на суптилен начин, со што може да ве збуни.

Манипулаторите тоа го прават затоа што нивното големо его ги убедува дека со своите супериорни методи ќе го зголемат чувството на самоконтрола врз својата „жртва“. Не дозволувајте да се случи тоа. Спротивставете се на нивните зборови и одлучно одбијте да учествувате во неговата игра. Ќе успеете во тоа, само мора да бидете доволно силни и одлучни.

Убедувањето за него е игра

Манипулаторите од овој вид се склони кон убедување, а дали се успешни во нивните обиди да ве наговорат – да ве убедат во нешто, тоа не е важно. Тие секогаш мислат дека се успешни.

Наговарањето и притисокот може да бидат моќно оружје особено ако „жртвата“ е некој кој не е доволно прониклив. И луѓето кои кои не знаат да кажат не, исто така, лесно може да попуштат на нивното убедување. Затоа, вежбајте ја својата способност на рассудување и трудете се да научите да кажете не.

Има неприроден контакт со очите и со говорот на телото

Цврстиот и сигурен контакт со очите многумина од нас ќе го толкуваат како знак дека некому можеме да му веруваме, а манипулаторите тоа толкување ќе го искористат во сопствена корист. Имено, тие вас долго ќе ве гледаат во очи, а со говорот на телото ќе покажуваат дека чувствуваат блискост со вас, но една грешка ќе ги открие – контактот со очите ќе трае предолго, ќе имате чувство дека личноста непрестано „зјапа“ во вас, поради што ќе се чувствувате непријатно.

Со несимнување на погледот на манипулаторот од вас всушност сака да ве има под контрола. Тие сакаат да го направите она што го сакаат.

Се чувствувате лошо после разговорот со таа личност

Еден збор најдобро опишува како се чувствуваме после комуникација со манипулативна личност – збунето.

Покрај тоа, може да се чувствувате фрустрирано, луто, несфатено и уште еден куп други негативни чувства. Таквите чувства можете да ги имате единствено во два случаи: карактерот на другата личност не се поткрепува со вашиот карактер или другата личност има лоши намери. За кој случај и да се работи, тој човек не би требало да ви биде пријател.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.