Далите имате проблеми со заспивање? Не сте единствени.

Според Американскиот национален институт за здравје, со несоница се борат 50% од Американците постари од 60 години.

Дури и ако сте помлади, сигурно сте имале непроспиени ноќи. За среќа, има научно потврдени совети кои можат да ви помогнат да го забрзате процесот на заспивање.

Изладете ја собата во која спиете

Експертите веруваат дека намалувањето на температурата во вашата соба може да влијае на тоа да заспиете побрзо бидејќи ќе ја намали вашата телесна температура. Тоа, пак, ќе му помогне на вашето тело да ги креира процесите за заспивање.

Исклучете го телефонот

Исклучете го мобилниот, но и сите електронски уреди, особено телевизорот, кој постојано зрачи бела светлина која што оневозможува вашите очи и мозок комплетно да се релаксираат.

Сокријте го часовникот

Постојаното погледнување кон часовникот кога не можете да заспиете ви создава дополнителен притисок и само ви одмага во мисијата да заспиете побрзо,особено кога знаете дека ве чека ден полн со работни обврски кој треба да почне уште рано наутро.

Туширање со жешка вода

Топол туш ќе го релаксира вашето тело и умот пред спиење.

Облечете чорапи

Носењето на чорапи во кревет ја подобрува циркулацијата во нозете и предизвикува намалување на температурата на нозете преку кожата. Тоа помага да се намали телесната температура, а со тоа и полесно да заспиете.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.