Јапонските психолози создадоа тест со кој може да се дознае се за карактерот на една личност. Тестот е наречен „Коцка“, и со психолошка игра ги открива аспектите од личноста што можеби не сме ги знаеле. Обидете се да замислите неколку работи, а може и да си запишете или да нацртате.
Најпрво, замислете си дека одите во пустина, и наеднаш гледате коцка. Колку е голема и од каков материјал е? И колку е оддалечена од земјата? Понатаму, некаде во близина на коцката замислете скала. Каде се наоѓа во однос на коцката, и од што е направена?
Следно, некаде во оваа слика замислете си коњ. Дали има седло или узди и што прави? Понатаму, замислете цветови. Колку цветови има и колку се оддалечени од коцката?
За крај, замислете дека се ближи бура. Колку е блиску бурата до коцката, скалата, коњот и цветовите? Дали се плашите од неа?
Откако го замисливте и запамтивте сево ова, време е за резултатите:
Големината на коцката ја претставува големината на вашето его. Колку коцката е прозирна, означува колку сте отворени кон другите луѓе. Колку е поблиску до тлото, толку повеќе сте приземјена личност.
Растојанието меѓу скалата и коцката покажува колку сте блиски со пријателите. Ако скалата е потпрена на коцката, значи дека пријателите можат да ја очекуваат вашата поддршка. Колку е поцврст материјалот од кој е направена скалата, толку се посилни вашите врски со пријателите.
Коњот ја означува љубовната врска. Ако е зауздан и со седло, значи дека сакате поголема контрола во врската. Ако пак е див, значи дека не сакате обврски во љубовта.
Колку повеќе цвеќиња замисливте, толку повеќе деца сакате да имате. А колку се тие поблиски до коцката, толку повеќе размислувате на деца.
Бурата го претставува стресот во животот. Колку што е поблиску и поагресивна, толку повеќе сте под стрес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.