За целите на ова истражување биле интервјуирани 2.000 луѓе по што се дознало кој датум е роденденот на најсреќните луѓе. И тој ден помина токму вчера, односно 28-ми јули!
На кој датум се родени најсреќните луѓе во светот?
Истражувачите од веб-сајтот Interflora.co.uk ги прашале луѓето како се чувствуваат на својот роденден и според одговорите донеле одредени заклучоци. Генерално, луѓето родени во текот на летните месеци се многу попозитивни од останатите кога станува збор за датумите на нивното раѓање. Причините за тоа се главно топлото време, одморот и летото.
Според добиените податоци 60% од родените во јуни се среќни поради својот роденден, 59% од родените во јули и 53% од родените во август. „Најсреќниот“ 28-ми јули е избран врз основа на следниве критериуми: Тој ден времето е обично сончево, за неколку дена пристигнува платата и лето е.
Сосема очекувано зимските родендени се најдепресивни, особено оние по 16-ти декември и тоа поради студот и фактот што доаѓаат божиќните празници за кои една третина од испитаниците велат дека целосно им ја засенуваат роденденската прослава.
Следете нѐ на Инстаграм
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.