Знаете како се вели „излгеда како милион долари“? Епа, ако се земат предвид резултатите од едно скорешно истражување на лицето на човекот е испишано во каква материјална состојба се наоѓа.
Богатите се богати и по изгелдот не можете да ги промашите, тврдат група научници од унверзитетот во Торонто. Во истражување спроведено од група студенти, тие тврдат дека длабочината на џебот по лицето се познава.
Првиот впечаток што го оставате, од друга страна, може и во голема мера да влијае на вашата финансиска состојба, на односите со луѓето и можностите во животот што ги добивате, тврди професорот Николас Руле, објаснувајќи дека луѓето кои изгледаат побогато имаат повеќе шанси да поминат на интервјуа за работа и така да станат побогати.
А како изгледало истражувањето?
Научниците поделиле студенти во две групи – во едната биле млади од богати семејства, а во другата од значително посиромашни семејства. Фотографии од нивните лица им ги давале на доброволци кои само од поглед требало да погодат кој колку е богат.
Се покажало дека учесниците во експериментот толку прецизно го погодувале материјалниот статус што на научниците им останало само да заклучат дека не се работи за случајност. Интересно е, сепак, дена никој од нив не успеал прецизно да дефинира што е тоа што точно го навело одредено лице да го смета за богато или за сиромашно.
Веруваме дека животното искуство влијае на нашата физономија и можно е токму од таму да произлегува тој маѓепсан круг на сиромаштво – ако си сиромашен, те гледааат како сиромашен и не добиваш шанси во животот и овратно, заклучуваат научниците.
Ако не верувате, погледнете ја фотографијата и обидете се да погодите која група лица е богата, а која сиромашна. Одговорот побарајте го со скролање на дното на страницата.
*
*
*
*
*
*
*
*
*
*
*
Решение:
Групата А се богати, а групата Б сиромашни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.