Родителството е стресно од многу причини, но според резултатите од едно најново истражување што го спроведе платформата „Чајклкер“ она што им предизвикува најголем стрес на родителите е нередот во домот.
Дури 60 отсто од испитаниците одговориле дека поголем стрес им предизвикува загриженоста дека дома им е несредено, отколку помислата дека може да го изгубат детето во толпа, што им е најстресно на 16 отсто од испитаниците.
Повеќе од 60 отсто од луѓето кои учествувале во истражувањето рекле дека менталното здравје им е влошено откако станале родители, а 38 отсто сметаат дека нивното ментално здравје негативно влијаело на нивните родителски способности во некоја фаза.
Се надевам дека ова истражување ќе ги мотивира родителите да разговараат за стресот, но за менталното здравје, за да ја побараат и добијат поддршката што им е потребна“, вели Ричард Конвеј, основач на платформата „Чајлдкер“.
Ова истражување беше спроведено откако Здружението за ментално здравје објави статистички податоци според кои околу 68 проценти од жените и 57 отсто од мажите се соочуваат со ментални проблеми откако станале родители, пишува британски „Индепендент“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.