Емануел Арада, 24-годишно момче од висина од околу 12 метри, фрли 5-годишно момче кое со својата мајка стоело пред кафуле во трговски центар во Минесота.

Додека стоеле наишол Аранда, а мајка го прашала дали таа и нејзиниот син треба да се поместат, на што тој го земал момчето и го фрлил преку оградата на трговскиот центар.

Петгодишното момче кое било во тешка состојба после падот, повеќе не е во критична состојба, но и понатаму е на интензивна нега.

Лекарите велат дека е вистинско чудо што детето нема повреди на мозокот, кичмата или нервите.

Монструмот Аранда во полицијата рекол дека дошол во трговскиот центар со намера да убие возрасна личност, но дека тоа не му успеало, па дошол утредента и избрал момче како жртва.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.