Конечно помислувате дека сте го нашле вистинскиот. Тој е речиси совршен, сè што некогаш сте посакувале.

Се замислувате во иднина со него, но не сте сигурни како би се снашол во улогата на татко…

Постои разлика помеѓу грижлив и посветен татко и друг кој не е толку грижлив и емоционално отворен со своите деца. Модерниот, грижлив маж знае дека единствената негова работа не е да го „носи лебот дома“ и да биде емоционално недостапен во остатокот од денот.

Грижливиот татко ќе оди на родителски средби, ќе ги чува децата и нема да пропушти ниеден натпревар или претстава. Тој е оној кој ќе го исклучи телевизорот за време на ручек, бидејќи знае дека тоа е време за семејството.

Го бараме невозможното? Не баш. Такви мажи постојат. Еве како да знаете дека и вашето момче е еден од нив.

До кој степен ѝ е посветен на работата?

Можеби градењето на неговата кариера го исцрпува и му одзема многу време. Разбирливо е некогаш едноставно да нема време за многу работи. Но дали е таков постојано? Дали постојано ја носи работата со себе и по завршувањето на работното време? За да биде грижлив татко, присутен за своите деца, тој мора да развие способност обврските едноставно да ги остава на работа, а слободното време да му го посветува на семејството.

Колку е инволвиран во вашиот живот?
Речиси секогаш ви нуди помош? Знае што ви се случува, какви проблеми имате во моментов? Маж кој ќе ве однесе на лекар, ќе ви ја смени гумата од автомобилот, кој е заинтересиран за случувањата во вашиот живот и активно инволвиран во истиот, има потенцијал да биде одличен татко. Тој ќе биде исто така, дури и повеќе грижлив и внимателен кон своите деца. Ќе се труди да биде инволвиран и ќе знае што се случува, а нема да се однесува како странец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.